• среда, 30 октомври 2024

Најмалку тројца загинати во руските напади врз Керсонска Област

Најмалку тројца загинати во руските напади врз Керсонска Област

Киев, 20 октомври 2024 (МИА) – Во вчерашните руски напади врз Керснска Област загинаа три лица, а 15 се повредени, објави на Фејсбук началникот на Херсонската регионална државна администрације Олександр Прокудин.

- Антоновка, Комисани, Приднепровск, Зеленивка, Чернобаевка, Садов, Билозерка, Станислав, Микилске, Берислав, Дудчани, Золота Балка, Лавов и Херсон беа под непријателски оган и воздушни напади, наведе Прокуидин.

Според него, цел на руската армија биле клучни инфраструктурни објекти, образовна институција, продавница и станбени области на населени места.

При нападите оштетени се три згради и 30 приватни куќи, гасовод, гаражи, автобуси и приватни автомобили. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан