• четврток, 21 ноември 2024

Косовската влада го усвои предлог буџетот за 2025 година во износ од 3,6 милијарди евра

Косовската влада го усвои предлог буџетот за 2025 година во износ од 3,6 милијарди евра

Приштина, 30 октомври 2024 (МИА) – Косовската влада на денешната седница го усвои предлог-буџетот за 2025 година, проектиран на 3,6 милијарди евра.

Откако беше усвоен од Владата, Законот за буџет беше испратен на расправа и усвојување во косовскиот Парламент.

-Денеска сме тука да одбележиме историски рекорд, четврта година по ред го донесуваме буџетот. Вкупниот буџет за 2025 година изнесува три милијарди и 608 милиони евра, од кои само за платите се предвидува вкупно зголемување од 300 милиони евра, изјави косовскиот премиер Албин Курти.

Тој наведе дека од вкупната сума на буџетот 87 милиони евра се планирани за потребите на безбедноста и одбраната, а дополнителни 16 милиони евра за програмата за згрижување деца.

-На нашите земјоделци им ја даваме највисоката поддршка во регионот преку грантови. Одвоени се 930 милиони евра за инфраструктурни инвестиции, вклучително и железница и патишта. Продолжуваме со инвестиции на северот од државата, каде воспоставувањето законитост е веќе завршено. За општините одвоивме дополнителни 240 милиони евра, истакна Курти.сд/

фото:МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан