• недела, 05 јануари 2025

Најмалку три жртви во експлозија во фабрика во Шпанија

Најмалку три жртви во експлозија во фабрика во Шпанија

Аликанте, 27 ноември 2024 (МИА) – Најмалку три лица загинаа, а седум се повредени во експлозија во фабрика во близина на крајбрежниот град Аликанте во југоисточна Шпанија, соопштија спасувачките служби.

Инцидентот се случил во индустриската зона Иби, на околу четириесет километри од центарот на Аликанте, во фабрика која произведува полистирен.

Директорот на итната служба на регионот Валенсија, Алберто Мартин, за телевизијата ТВЕ изјави дека во фабриката експлодирал котел, при што загинале три лица, а три се тешко повредени. јт/

Фото: Скриншот Х

Остани поврзан