• петок, 25 октомври 2024

Најмалку седуммина загинати во автобуска несреќа во Сирија

Најмалку седуммина загинати во автобуска несреќа во Сирија

Дамаск, 7 јуни 2024 (МИА) – Најмалку седум лица се удавија, а 20 се повредени, од кои повеќето деца, кога училишен автобус излетал од патот и паднал во река во северозападна Сирија, соопштија локалните власти.

Несреќата се случила во близина на градот Даркуш, западно од градот Идлиб, кога автобусот паднал во реката Оронтес. Спасувачките тимови околу шест часа бараа преживеани на карпите и во реката, додаваат тие.

Засега не е јасно поради што автобусот излетал од патот.

Ахмад Гандур, лекар во болницата во Даркуш, која ги прими жртвите, рече дека учениците и наставниците во автобусот се од училиште за деца без родители. јт/

Фото: Х

Остани поврзан