• понеделник, 29 јули 2024

Најмалку едно лице загина при уривање на брана во северозападна Русија

Најмалку едно лице загина при уривање на брана во северозападна Русија

Москва, 29 јули 2024 (МИА) - Најмалку едно лице загина при пукање на привремена брана на Беломорско-балтичкиот канал во северозападна Русија.

Во инцидентот 13 куќи се уништени, а деветмина се повредени. Седум луѓе се спасени, меѓу кои и три деца. Четири лица се водат како исчезнатi.

Привремената брана беше поставена поради реконструкција на каналот. Тоа е втор таков инцидент во Русија изминатите неколку дена. На 26 јули се урна брана на Урал во Чељабинска, при што загина најмалку едно лице. Додека во април при уривање на брана беше поплавен целиот регионот Оренбург, а илјадници луѓе беа евакуирани. ми/

фото: Икс

Остани поврзан