• среда, 15 јануари 2025

Во буџетот на Велика Британија има дупка од 20 милијарди британски фунти, најави министерката за финансии

Во буџетот на Велика Британија има дупка од 20 милијарди британски фунти, најави министерката за финансии

Лондон, 29 јули 2024 (МИА) - Британската министерка за финансии, Рејчел Ривс денеска пред Долниот дом изјави дека на 30 октомври ќе го претстави новиот нацрт-буџет на земјата, пренесоа британските медиуми. 

Британската министерка за финансии, цитирана од „Скај њуз“, објави дека открила „црна дупка“ во расходниот дел од тековниот буџет на земјата, кој е во износ од 20 милијарди британски фунти (23,75 милијарди евра). Овој буџет е донесен на предлог на претходната влада на Велика Британија, формирана од Конзервативната партија. 

Во тековната финансиска година буџетскиот дефицит изнесува 4,5 отсто од бруто домашниот производ (БДП) на земјата. Ова е најниско ниво од периодот пред пандемијата, според британските медиуми. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан