• среда, 15 јануари 2025

Панама ќе ги повлече дипломатите од Венецуела и ќе ги прекине дипломатските односи

Панама ќе ги повлече дипломатите од Венецуела и ќе ги прекине дипломатските односи

Панама Сити, 29 јули 2024 (МИА) - Панама ќе ги повлече своите дипломати од Венецуела и ќе ги прекине дипломатските односи по спорната изборна победа прогласена на актуелниот претседател Николас Мадуро, изјави   претседателот Хозе Раул Мулино.

„Владата на Панама најавува повлекување на дипломатскиот персонал од Венецуела и суспензија на дипломатските односи додека не се изврши целосен увид на процедурата за пребројување на гласовите“, рече Мулино на прес-конференција.

„Од почит кон историјата на Панама, илјадниците Венецуелци кои избраа да живеат во нашата татковина и моите демократски убедувања, не можам да дозволам моето молчење да стане соучесништво“.

„Режимите што не ги почитуваат човековите права и ги кршат слободите не заслужуваат дипломатско признание“, рече Мулино. зш/

Остани поврзан