• среда, 15 јануари 2025

Фицо: Словачка ќе ја прекине испораката на дизел во Украина доколку не се обнови транзитот на нафта

Фицо: Словачка ќе ја прекине испораката на дизел во Украина доколку не се обнови транзитот на нафта

Братислава, 29 јули 2024 (МИА) - Словачкиот премиер Роберт Фицо денеска изјави дека Словачка ќе ја запре испораката на дизел во Украина доколку Киев не обнови дотокот на нафта од руската групација Лукоил.

Словачка и Унгарија го засилија притисокот откако Киев минатиот месец го стави Лукоил на листата на санкции, спречувајќи ја нафтата на компанијата да помине низ словачките и унгарските рафинерии.

„Доколку краткорочно не се обнови транзитот на руска сурова нафта низ Украина, (словачката рафинерија) Словнафт нема да продолжи да испорачува дизел за Украина“, нагласи Фицо во видео пораката на Фејсбук. зш/

Остани поврзан