Мадуро: Опозицијата сака да изврши пуч во државата
- Венецуелскиот претседател Николас Мадуро објави дека опозицијата се обидува да изврши „пуч“ по спорните избори.

Каракас, 29 јули 2024 (МИА) - Венецуелскиот претседател Николас Мадуро објави дека опозицијата се обидува да изврши „пуч“ по спорните избори.
„Тие се обидуваат во Венецуела повторно да извршат државен удар од фашистички и контрареволуционерен карактер“, рече Мадуро на настан во Националниот изборен совет (ЦНЕ), кој го прогласи за победник на изборите одржани еден ден претходно. Опозицијата прогласи победа на претседателските избори и не го признава неговиот реизбор за нов шестгодишен мандат. зш/