• сабота, 12 октомври 2024

Најмалку еден човек загина, а 55 се повредени во рускиот напад врз Павлоград

Најмалку еден човек загина, а 55 се повредени во рускиот напад врз Павлоград

Киев, 6 септември 2024 (МИА) – Во денешниот руски напад врз Павлоград во областа Днепропетровск загина најмалку еден човек, а повредени се 55, од кои три деца.

Според украинското военовоздухопловство, руските сили употребиле ракети Искандер-М или севернокорејски балистички ракети КН-23, што биле истрелани од руските региони Воронеж и Ростовски.

Во индустрискиот град Павлоград пред војната имаше над 100.000 жители. Градот е важен железнички јазол во регионот Дњепропетровск, поврзувајќи го со источниот дел на Украина, каде руските вооружени сили полека напредуваат кон градот Покровск. ми/

фото: Икс

Остани поврзан