• сабота, 21 декември 2024

Најмалку еден загинат во индиски ракетен напад во Кашмир

Најмалку еден загинат во индиски ракетен напад во Кашмир
Исламабад, 13 ноември 2020 (МИА) - Најмалку еден цивил загина, а тројца се повредени во индиски ракетен напад во регионот Кашмир, соопшти денеска пакистанската армија, која одговори на нападот. Размената на огнот започна синоќа.
Пакистанската армија соопшти дека индиската страна го прекршила примирјето.
Кашмир е поделен на индиски и пакистански дел, а двете земји тврдат дека имаат право на целата област.
Тој територијален спор доведе до две војни меѓу Индија и Пакистан по нивната независност во 1947 година. паг/
   

Остани поврзан