• четврток, 26 март 2026

Багдад: Израел го наруши воздушниот простор на Ирак при нападите врз Иран

Багдад: Израел го наруши воздушниот простор на Ирак при нападите врз Иран

Багдад, 13 јуни 2025 (МИА) – Ирак поднесе официјална жалба до Советот за безбедност на Обединетите нации поради нарушување на ирачкиот воздушен простор за време на големиот израелски напад врз Иран, соопшти Министерството за надворешни работи во Багдад.

- Овој вид на практика претставува грубо кршење на суверенитетот на Ирак, се наведува во соопштението на ирачкото Министерство за надворешни работи.

Ирак го повика СБ на ОН да преземе одговорност и да дејствува со цел да спречи повторување на такви прекршувања. 

Во текот на денот ќе се одржи седница на СБ на ОН посветена на ситуацијата во Иран по израелските напади. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан