• сабота, 28 септември 2024

Најголема нарачка доби германската компанија Рајнметал

Најголема нарачка доби германската компанија Рајнметал

Дизелдорф, 21 јуни 2024 (МИА)- Германската компанија Рајнметал доби рамковен договор од Бундесверот, што вклучува испорака на артилериска муниција од 155 милиметри со бруто вредност  8,5 милијарди евра.

Постојниот рамковен договор е значително проширен, а наредбата првенствено е наменета за зголемување на залихите на Бундесверот и неговите сојузници, како и за поддршка на Украина во нејзината одбранбена кампања.

Испораките се планирани да започнат на почетокот на 2025 година, соопшти компанијата. зш/

Остани поврзан