• вторник, 24 декември 2024

Пентагон соопшти дека Израел не ги предупредил САД за денешниот напад во Бејрут

Пентагон соопшти дека Израел не ги предупредил САД за денешниот напад во Бејрут

Вашингтон, 27 септември 2024 (МИА) -  САД не добија претходно предупредување за израелскиот напад во Бејрут, а американскиот секретар за одбрана Лојд Остин разговараше со својот израелски колега додека операцијата беше во тек, рече портпаролката на Пентагон Сабрина Синг.

„САД не се вклучени во таа операција и не добивме никакво претходно предупредување“, истакна Синг .

Таа не одговори на прашањето што израелскиот министер за одбрана Јоав Галант му рекол на Остин за операцијата и дали нападите биле насочени кон лидерот на Хезболах Хасан Насрала. Пентагон, исто така, одби да шпекулира дали лидерот на либанската шиитска група е се уште жив.

Денешниот напад врз јужните предградија на Бејрут е најмоќниот напад на Израел врз либанската престолнина од почетокот на конфликтот.зш/

Остани поврзан