• петок, 14 јуни 2024

Најавени бројни настани на „Кумановско културно лето“

Најавени бројни настани на „Кумановско културно лето“

Куманово, 14 јуни 2024 (МИА) - Повеќе настани од областа на културата, музички, ликовни фестивали ќе се одржат летово во Куманово, најавија на денешната прес-конференција, надлежните од Фондацијата за култура и спорт и Секторот за култура и спорт од општината. Утре ќе се одржи јубилејниот 20-ти маскенбал „Батко Ѓорѓија“. Околу 500 деца од сите градинки од основни и средни училишта ќе учествуваат на овогодишниот маскенбал.

- Почна со мото рок фест, утре е маскенбалот „Батко Ѓорѓија“. Во јуни има повеќе настани организирани од бројни организации. Во недела ќе се одржи изложба на стари автомобили по втор пат. Лани имаше исклучително голем интерес, изјави директорот на фондацијата Марио Арангеловски.

Маскенбалот од наредната година ќе се одржува на 1 април како што со години бараат родителите и наставниците. Од општинските институции информираа дека во минатото и други институции организирале маскенбал на истиот датум, но од наредната организацијата ќе ја преземат општинските институции.

- Маскенаблот доцнеше поради пролетниот распуст, избори, повеќе празници, па затоа се одложи маскенбалот. Одлучивме да се одржи по завршување на пролонгираната учебна година, Свесни сме дека граѓаните сакаат да се одржува на тој датум, изјави раководителот на сектоорт за култура, Александар Крстевски.

Викендов се одржува и „Пикник у Пелинце“, надлежните од општинските институции бараат алтернативни форми на смеестување на гостите од земјава и странство кои се дојдени да го проследат фестивалот.

- Не контактираа за сместување соби, сместувачки капацитети. Мислиме дека ова е еден од фестивали кои имаат голем потенцијал. Во рамки на културно лето вклучени се и организации, наредната најавуваме повеќе настани, изјави Крстевски.

Во јуни ќе се одржи детскиот ликовен камп АСНОМ, фолклорна смотра, фестаивла на сите уметнички друштва „Рома Труба фест“. Во август се одржува фестивал на епска песна, тамбурашкиот, „Тумбсток“, интернационалната колонија во Пелинце …

Манифестациии се поддржани од градоначалникот и советот. Дел од нив се во комплетна организација на Фондацијата за култура и спорт. ам/са/


Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан