• сабота, 22 февруари 2025

Студено со утринска магла по одделни котлини, наместа услови за слаб снег

Студено со утринска магла по одделни котлини, наместа услови за слаб снег

Скопје, 16 јануари 2025 (МИА) - Утрово времето е студено со појава на магла по одделни котлини. Преку ден ќе биде променливо облачно, наместа со услови за провејување на слаб снег.

Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од -1 до 7 степени.

Во Скопје, наутро студено со појава на слаба магла, преку ден претежно облачно и тивко. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне 4 степени.

Според прогнозата на УХМР, од петок ќе преовладува стабилно време со пораст на дневните температури.

-Утринските температури насекаде ќе бидат под нула, а наместа ќе се спуштат и под -10 степени. По котлините ќе има појава на магла и пониски дневни температури, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. хс/бак/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан