• понеделник, 22 април 2024

Сончево со мала до умерена облачност, викендот студено

Сончево со мала до умерена облачност, викендот студено

Скопје, 3 февруари 2023 (МИА) - Времето денеска преку ден ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Локално во утринските часови ќе врне слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната од 3 до 10 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 9 степени.

За време на викендот ќе биде променливо облачно и студено. Во сабота ќе има повремени врнежи, претежно од снег, со слаб до умерен интензитет.

- Ќе дува засилен, повремено силен северен ветер. Студено време ќе се задржи и во текот на следната седмица, со минимални температури и под -10 степени, а на места и дневните ќе бидат под нула, најавуваат синоптичарите. бд/мд/

Остани поврзан