• недела, 22 декември 2024

Собранието ќе одржи продолженија на три седници

Собранието ќе одржи продолженија на три седници

Скопје, 6 февруари 2024 (МИА) - Собранието денеска треба да ги одржи продолженијата на три седници.

На дневен ред на 138-та седница се четирите закони од пакетот закони подготвени од Министерството за информатичко општество и администрација - Предлог на законот за стручно усовршување и обука на административните службеници, Предлог на законот за безбедност на мрежни и информациски системи и дигитална трансформација, Предлог на законот за административни службеници и Предлог на законот за вработените во јавниот сектор, сите по скратена постапка, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите, Предлог на законот за изменување на законот за управување со дополнителни текови на отпад, Предлог на закон за правда за децата, во прво читање, Предлог на одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието на Република Северна Македонија, Предлог на законот за гаранција на Република Северна Македонија на обврските по Договорот за заем за дополнително финансирање на проектот за надградба и развој на патишта, кој ќе се склучи меѓу Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка и Јавното претпријатие за државни патишта, по скратена постапка и други предло-закони. 

Од оваа седница повлечен од дневен ред е Предлог на законот за дополнување на Законот за државното правобранителство, по скратена постапка.

Во рамки на 135-та седница пратениците ќе расправаат по Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за буџети, Предлог на законот за изменување на Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, сите по скратена постапка, Извештајот на Европската комисија за Република Северна Македонија за 2023 година, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, по скратена постапка, Предлог на законот за помилување - Прво читање, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за меморијалните споменици и спомен обележјата - Прво читање, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за народниот правобранител - Прво читање и други предлог-закони.

На дневен ред на 95-та седница се Предлог на законот за ратификација на Референтниот документ за домашна регулатива во услугите со Листа за измена на Листа на специфични обврски во услугите, Предлог на одлуката за одобрување на Годишната програма за работа и развој за 2023 година на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор, Финансискиот план на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2023 година, Посебниот извештај на Државната комисија за спречување на корупцијата за утврдените состојби во финансирањето на изборната кампања - Локални избори за избор на градоначалник на Општина Маврово и Ростуше, градоначалник на Центар Жупа и Совет на Општина Тетово во 2022 година. фф/ац/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан