• вторник, 15 јули 2025

Претставување на придобивките за стручното образование од реконструкцијата на РЦСОО „Ванчо Питошески“ во Охрид

Претставување на придобивките за стручното образование од реконструкцијата на РЦСОО „Ванчо Питошески“ во Охрид

Охрид, 13 јуни 2025 (МИА) - Проектот „ЕУ за Mлади“, во соработка со Регионалниот центар за стручно образование и обука (РЦСОО) „Ванчо Питошески“ од Охрид, организираат настан за претставување на резултатите од реконструкцијата и реновацијата на училиштето, како и за истакнување на пошироките
придобивки од поддршката на Европската Унија за стручното образование во Северна
Македонија.

На настанот, како што информираат организаторите од проектот „ЕУ за Млади“, ќе се обратат Кирил Пецаков, градоначалник на Охрид, Елена Ивановска, државен советник во Министерството за образование и наука, Александру Албу, претставник на Делегацијата на Европската Унија, Галија Божанова, тим лидер на проектот „ЕУ за млади“ и Тони Андрески, директор на РЦСОО „Ванчо Питошески“. цр/хс/

Фото: МИА архива

Остани поврзан