Седница на собраниската Комисија за транспорт
- Во Собранието на Северна Македонија денеска ќе заседава Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање.

Скопје., 20 јануари 2025 (МИА) - Во Собранието на Северна Македонија денеска ќе заседава Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање.
На дневен ред се Финансискиот план за изменување на Финансискиот план на Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радио-телевизија за 2024 година со дополнување и пренамена на средства, како и Финансискиот план за изменување на Финансискиот план на Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радио-телевизија за 2025 година со дополнување и пренамена на средства. мч/бак/
Фото: МИА архива