• сабота, 21 декември 2024

Протест на вработените во АД Пошта

Протест на вработените во АД Пошта

Скопје, 22 мај 2024 (МИА) - Вработените на АД Пошта денеска во сите подружници во земјава ќе одржат протест барајќи исплата на платата за април и итно отпочнување на реформи за реорганизација и оптимизација во работењето.

- Поради сериозноста на состојбите во која е доведено опстојувањето на АД Пошта на РСМ, зачувувањето на работните места на вработените и егзистенцијаta на нивните семејства, синдикалните организации и вработените на ден 22.05.2024 год (среда) со почеток на работното време од 08.00 чaсот ќе одржат протест во сите подружници во Македонија, велат од синдикатот на АД Пошта.

Вработените, како што наведуваат од синдикатот, со протестот ја отпочнуваат постапката за штрајк. бак/са/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан