• вторник, 24 декември 2024

Промоција на опрема донирана за Одделението за трансфузиологија во Штип

Промоција на опрема донирана за Одделението за трансфузиологија во Штип

Скопје, 24 јануари 2024 (МИА) - Фондацијата за развој на локалната заедница од Штип и Ротари клуб Штип денеска во Регионалниот центар за трансфузиона медицина во општина Штип ќе промовираат донирана опрема за потребите на одделението за трансфузиологија.

-Оваа активност е во рамки на Проектот на УСАИД Направи разлика која го спроведува Фондацијата за развој на локалната заедница - Штип во партнерство со Ротари клуб Штип, финансиски поддржан од УСАИД, со цел да го подобри развојот на средината предводен од заедницата. Со проектот ќе се опфатат млади и заинтересирани граѓани кои сакаат активно да се вклучат во креирањето  подобра иднина за сите и за нашите идни генерации, соопшти Фондацијата за развој на локалната заедница.

Наведува и дека фокусот е на создавање услови за ефективно учество во донесување и имплементирање предлози и одлуки, решавање тековни предизвици и проблеми, предлагање иницијативи и заедничка стратешка работа за успешно решавање и реализација. хс/са/

Фото: Фондација за развој на локалната заедница

Остани поврзан