• четврток, 22 февруари 2024

Променливо облачно со локални врнежи од дожд

Променливо облачно со локални врнежи од дожд

Скопје, 3 декември 2023 (МИА) - Времето денеска ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд. Претпладне ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој од пладне ќе го промени правецот во северен и долж Повардарието повремено ќе засилува.

Како што соопштија од УХМР, минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.

Во Скопје претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 12 степени.

Во првите два дена од новата седмица ќе има преодно стабилизирање на времето, а нов влажен бран со врнежи од дожд, а на планините од снег се очекува во среда и четврток. бт/нд/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан