• четврток, 26 март 2026

Променливо облачно, попладне наместа пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Променливо облачно, попладне наместа пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Скопје, 8 мај 2025 (МИА) - Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а во западните делови засилен ветер од југозападен правец. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне 27 степени.

Според УХМР, во ноќта петок кон сабота и во сабота претпладне ќе биде нестабилно со локални поројни врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни проследени со појава на грмежи. Преодно стабилизирање на времето ќе има во недела, а во понеделник се очекуваат повремени врнежи од дожд. Дневните температури од сабота ќе бидат во опаѓање. мч/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан