• среда, 03 јули 2024

Проекција на документарниот филм „The Hip-Brainstorm“ на Алтипармаков во Струмица

Проекција на документарниот филм „The Hip-Brainstorm“ на Алтипармаков во Струмица

Скопје, 30 ноември 2023 (МИА) - Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст -Струмица“ во соработка со кафе бар „Нагоре“ вечер ќе организира проекција на долгометражниот музичко-документарен филм „The Hip - Brainstorm“ на Јане Алтипармаков.

Проекцијата е во рамките на филмската програма на иницијативата за есенски културен бран.

Долгометражниот видео/филм е во режија и продукција на Јане Алтипармаков, автор на оригиналната идеја е Љубиша Петрушевски. Продуцент и монтажер е Михаил Димитров, звучниот дизајн е на Валентин Видовиќ. Директор на фотографија е Наташа Гелева, снимател е Ања Илиева.

На монтажата работеле и Зоран Чаневски и Димитар Илиевски. 

Јане Алтипармаков студирал Филозофија на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Културолошки студии на Евроколеџ, а дипломирал филмска и ТВ режија на Факултетот за драмски уметности – Скопје. Тој е филмски работник, музички проследувач и критичар/арт-теоретичар. Потписник на стотина текста од областа на филмот, независната музичка сцена и културата, објавени во повеќе домашни магазини, дневни весници и портали. Повеќегодишен музички соработник во независното радио Канал 103. Како режисер и продуцент се потпишува на повеќе документарни филмови, кратки форми и видеозаписи.

Како што е најавено, по проекцијата на филмот следи дискусија и музички сет на Јане Алтипармаков.бт/аа/

Фото/Контекст Струмица

Остани поврзан