• петок, 05 декември 2025

Почнува изградбата на „Меморијален парк за жртвите од пожарот во модуларната болница - Тетово“

Почнува изградбата на „Меморијален парк за жртвите од пожарот во модуларната болница - Тетово“

Скопје, 30 јули 2025 (МИА) - Министерот за здравство Азир Алиу денеска ќе го означи почетокот на изградбата на „Меморијален парк за жртвите од пожарот во модуларната болница - Тетово“, во знак на трајно сеќавање и почит кон загинатите во овој трагичен настан, соопштија од Министерството за здравство.

На настанот ќе присуствуваат и вицепремиерот за политики и добро владеење Арбен Фетаи и градоначалникот на Тетово Биљал Касами.

Пожарот во модуларната болница во Тетово се случи на 8 септември 2021 година и во него животот го загубија 14 лица, а десетина беа повредени.бд/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан