Министерот Спасовски и американската амбасадорка Агелер во посета на ГП „Богородица“
- Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска заедно со амбасадорката на Соединетите Американски Држави Анџела Агелер ќе го посетат Граничниот премин „Богородица”.

Скопје, 22 август 2023 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска заедно со амбасадорката на Соединетите Американски Држави Анџела Агелер ќе го посетат Граничниот премин „Богородица”.
На Граничниот премин ќе имаат средба и брифинг за постигнатите резултати со раководството на Регионален Центар за гранични работи ЈУГ по што ќе дадат изјави за медиумите. вј/ев/
Фото: МИА архива