• сабота, 27 јули 2024

„Мала изложба за мечтаење“ на Дарко Алексовски во Загреб

„Мала изложба за мечтаење“  на Дарко Алексовски во Загреб

Скопје, 1 март 2024 (МИА) - Во поп-ап галеријата „Гаража Камба“ во Загреб вечер ќе биде отворена „Мала изложба за мечтаење“ – самостојна изложба на Дарко Алексовски.

„Мал прирачник за мечтаење“ е серија самостојно издадени фанзини на Дарко Алексовски преку кои тој истражува еден постојано променлив светоглед, како и мечтаењето за одредени места, предмети и ситуации каде што имагинацијата се испреплетува со нашите сеќавања.

Изложбата е проширување на оваа мала серија публикации како начин за изразување преку различни визуелни и наративни методи.

Проектот има колаборативен и партиципативен аспект преку кој Алексовски поканува други уметници да предложат визуелни или пишани материјали за одредено издание. ар/са/
Фото: Дарко Алексовски

Остани поврзан