Конференција за врсничко насилство
- Конференцијата „Сите во акција за справување со врсничко насилство“ ќе се одржи денеска во Меморијалниот центар на Холокаустот во Скопје.
Скопје, 21 февруари 2024 (МИА) - Конференцијата „Сите во акција за справување со врсничко насилство“ ќе се одржи денеска во Меморијалниот центар на Холокаустот во Скопје.
Конференцијата е завршен настан на проектот „Сите во акција за безбедни училишта“ – поддржан од Механизмот за граѓанска отпорност (МГО), во рамки на проектот „Техничка поддршка за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“ што се финансира од ЕУ, реализиран од Здружението на граѓани „Рубикон“ од Скопје.
Учесниците на конференцијата ќе имаат можност да дискутираат и да дознаат нешто повеќе за фактичката состојба, превенцијата, препознавањето и справувањето со различни форми на врсничко насилство. ир/бак/
Фото: МИА архива