• понеделник, 20 април 2026

Расчистено убиството во Виница, кривична пријава за грчки државјанин, приведени вкупно четири лица

Расчистено убиството во Виница, кривична пријава за грчки државјанин, приведени вкупно четири лица

Скопје, 29 март 2026 (МИА) - Министерството за внатрешни работи попладнево соопшти дека е расчистено убиството во Виница и поднесена е кривична пријава против 80-годишен грчки државјанин. Приведени се вкупно четири лица. 

- По преземени мерки и активности од страна на ОВР Виница во содејство со ОЈО Кочани, во насока на  расчистување на кривично правниот настан, извршени се претреси во возилата кои лицата ги управувале и во просториите во апартманите во Виница каде лицата престојувале. При претресите пронајдени и одземени се четири ловни пушки и околу 800 парчиња ловечка муниција, како и друг доказен материјал од интерес на истрагата, информира МВР.

Приведени се И.Л.(24), Г.П.(80), С.Р.(55) сите од Грција и С.З.(57) од битолското село Жабени. Министерството за внатрешни работи соопшти дека соодветни пријави ќе бидат поднесени против сите инволвирани. 

Безживотното тело на 56-годишниот Д.А. беше пронајдено вчера во близина на градските гробишта во Виница. бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан