ЛДП: И по 29 години од формирањето остануваме коректив на системот и доследен носител на либералната идеја
- На 19 април 1997 година, во Македонскиот народен театар, визијата за модерна, европска и слободна Македонија ги обедини Стојан Андов и Петар Гошев во создавањето на Либерално-демократска партија. Денес, 29 години подоцна, ЛДП останува гласот на разумот, коректив на системот и доследен носител на либералната идеја – идеја што не прифаќа компромиси кога станува збор за слободата, правдата и достоинството на граѓаните, се вели во соопштението од ЛДП што МИА го пренесува интегрално.
Скопје, 19 април 2026
На 19 април 1997 година, во Македонскиот народен театар, визијата за модерна, европска и слободна Македонија ги обедини Стојан Андов и Петар Гошев во создавањето на Либерално-демократска партија. Денес, 29 години подоцна, ЛДП останува гласот на разумот, коректив на системот и доследен носител на либералната идеја – идеја што не прифаќа компромиси кога станува збор за слободата, правдата и достоинството на граѓаните, се вели во соопштението од ЛДП што МИА го пренесува интегрално.
Либералната демократија не е декларација – таа е борба. Борба против заробени институции, корупција, против систем што ги наградува послушните наместо способните.
ЛДП јасно порачува: Македонија може повеќе, Македонија мора подобро.
Не прифаќаме нормализација на неправдата, ниту тивко помирување со просечноста.
Горди на историјата, но фокусирани на иднината – продолжуваме посилно, похрабро и погласно.
Со силна енергија, јасна визија и непоколеблива верба дека вистинските вредности секогаш наоѓаат пат.
ЛДП не е само партија, туку движење на слободни луѓе што веруваат дека „не се сите исти“ – и токму затоа, борбата продолжува….
Се додека Македонија не стане либерална демократија.
ЛДП
Фото: Лого