• вторник, 25 јуни 2024

Изложба на фотографии на Сашо Саракинов во Уметничкиот центар АРТ ХАБ

Изложба на фотографии на Сашо Саракинов во Уметничкиот центар АРТ ХАБ

Скопје, 24 јануари 2024 (МИА) - Изложба на фотографии на Сашо Саракинов ќе биде отворена вечер од 19.30 часот во Уметничкиот центар АРТ ХАБ. Се работи за прва самостојна изложба на Саракинов на која ќе бидат претставени околу 30 фотографии.

-На фотографиите се претставени едноставни настани видени од поинаков агол, со интензивна боја и нагласена форма вклопена во една композиција. Фотографиите го отсликуваат моментот на настанот со нагласен архитектонски израз на она што се прикажува. Забележани се настани и објекти кои не опкружуваат во секојдневието, а сепак имаат многу што да кажат и да го свртат вниманието на гледачот, соопшти  Уметничкиот центар АРТ ХАБ.

Изложбата на фотографии на Саракинов за посетителите ќе биде отворена до 2 февруари 2024. хс/са/

Фото: Уметнички центар АРТ ХАБ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан