• вторник, 16 јули 2024

Изложба на фотографии и панел-дискусија „Украина: Воено злосторство“

Изложба на фотографии и панел-дискусија „Украина: Воено злосторство“

Скопје, 12 јуни 2024 (МИА) - Фондациите Отворено општество - Западен Балкан вечер во Скопје ја организираат изложбата на фотографии „Украина: Воено злосторство“ во земјите од Западен Балкан.

Како што информираат од Фондации Отворено општество – Западен Балкан, досега биле организирани изложби во Тирана, Република Албанија и Приштина, Република Косово.

Како што посочуваат, изложбата е изведена од истоимената книга објавена од „FotoEvidence“, која вклучува повеќе од 360 фотографии и сведочења, кои фрлаат светло на руската инвазија. Овие храбри фоторепортери ги ризикуваат своите животи за да ги доловат ужасните вистини на војната, обезбедувајќи редок увид во човечката цена на конфликтот.

На отворањето на излбата ќе се обратат: Анди Добруши, директор на Фондациите Отворено општество - Западен Балкан, Светлана Бачеванова, кураторка на изложбата и фоторепортерот Кристофер Окиконе.

На изложбата ќе му претходи и панел-дискусија, која ќе се одржи во Мала станица – Национална галерија.фф/са/

Фото: Фондации Отворено општество – Западен Балкан

Остани поврзан