• четврток, 26 март 2026

Дел од жителите на „Ленинова“ без вода поради дефект на приклучна цевка

Дел од жителите на „Ленинова“ без вода поради дефект на приклучна цевка

Скопје, 16 јануари 2025 (МИА) – Поради дефект на приклучна цевка денеска без вода ќе бидат дел од жителите на улица „Ленинова“, на потегот од булеварот „Митрополит Теодосие Гологанов“ до улицата „Никола Тримпаре“.

Како што соопштуваат од ЈП „Водовод и канализација“, прекинот ќе биде од 9 часот до санирање на дефектот.

– Поради дефект на приклучна цевка од Ф 1” (цол) на ул. Ленинова бр.77, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците од ул.Ленинова (потегот од бул. „Митрополит Теодосие Гологанов“ до ул. „Никола Тримпаре“ од 09:00 часот до санирање на дефектот, стои во соопштението. ра/бак/

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан