• понеделник, 23 декември 2024

Интерактивно уметничко дело напојувано од обновлива енергија „Вртеж“ од Александар Ефтимовски во Градскиот парк во Скопје

Интерактивно уметничко дело напојувано од обновлива енергија „Вртеж“ од Александар Ефтимовски во Градскиот парк во Скопје

Скопје, 13 април 2024 (МИА) - Во Градскиот парк, до езерцето денеска од 10 до 18 часот ќе биде изложено интерактивно уметничко дело напојувано од обновлива енергија „Вртеж“ изработено од македонскиот уметник и скулптор Александар Ефтимовски. Уметничкото дело се состои од турбина на ветер изработена од рециклиран материјал што овозможува полнење на струја.

За време на јавната изложба, што ќе се одржува денеска и утре во Градскиот парк во Скопје, посетителите ќе можат да научат повеќе за потенцијалот за обновливите извори на енергија на земјата. Посетителите ќе можат да ги полнат своите мобилни телефони преку енергија произведена од ветер.

Мрежата за климатска акција на Европа (CAN Europe) го претставува ова уметничко дело со цел да се пренесе дискусијата до граѓаните и на локално ниво и да се подигне свеста за потребата од транзиција од енергетски систем базиран на јаглен кон обновливи извори на енергија.

По една недела изложбата ќе отпатува во Белград и ќе биде изложена во паркот Калемегдан викендот, од 20 до 21 април 2024 година.

CAN Europе е најголемата мрежа на организации во Европа кои се борат против климатските промени и нивните негативни влијанија врз луѓето и планетата, на начин кој промовира еднаквост и социјална правда. Мрежата интензивно работи на декарбонизацијата и праведната транзиција на Западен Балкан. мд/ев/

Фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан