• четврток, 17 октомври 2024

Во Собранието ќе се одбележи Меѓународниот ден на нематеријалното културно наследство

Во Собранието ќе се одбележи Меѓународниот ден на нематеријалното културно наследство

Скопје, 17 октомври 2024 (МИА) - Во организација на Комисијата за култура и туризам денеска во Собранието ќе се одбележи Меѓународниот ден на нематеријалното културно наследство.

На отворањето на настанот воведни обраќања ќе имаат Антонио Милошоски, потпретседател на Собранието, Зоран Љутков, министер за култура и туризам и Саранда Имери-Стафаи, претседателка на Комисијата за култура и туризам.

Како што и нформираат од собраниската прес-служба, тематски говори ќе имаат Велика Стојкова-Серафимовска, членка на Комисијата за култура и туризам и акредитирана експертка на УНЕСКО за нематеријално културно наследство, Сулејман Рушити, директор на НУ Гостиварски театар, Весела Честоева, директорка на Управата за заштита на културното наследство и Ивона Опетческа-Татарчевска, национална координаторка за нематеријално културно наследство во Македонија.

На крајот, во рамки на настанот ќе се одржи и дискусија за нематеријалното културно наследство.фф/аа/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан