• недела, 22 декември 2024

АА ја поздравува посветеноста на меѓународниот фактор за враќање на агендата на Коридорот 8 како важен проект за земјата

АА ја поздравува посветеноста на меѓународниот фактор за враќање на агендата на Коридорот 8 како важен проект за земјата

Скопје, 17 октомври 2024

Алијансата за Албанците ја поздравува посветеноста на официјален Брисел и на меѓународниот фактор воопшто, за враќање на агендата на Коридорот 8 како важен проект за земјата и регионот.
Благодарение на внатрешниот притисок и на европските пријатели, се разоткри измамата на Владата дека наводно нема трасеа, дека патот завршува во тунел кој не води никаде, дека нема проектирање и други празни оправдувања.
Го цениме како важен цврстиот став на Брисел кој донесе будење на Владата на Република Северна Македонија за продолжување на проектот Коридор 8.
Како што кажавме од почетокот, обидите на оваа проруска влада да ја оддалечи земјата од Запад се предодредени да пропаднат. Заедно со нашите сојузници нема да дозволиме да пропаднат напорите низ годините за евроатлантските интеграции на земјата и на целиот регион. Со заедничка посветеност на прогресивните сили, заедно со граѓаните ќе ја реализираме нашата визија и ќе ги спречиме другите зли проекти на оваа моноетничка и нелегитимна Влада.

Алијанса за Албанците

Фото: МИА архива

______________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан