• сабота, 22 февруари 2025

Вицепремиерот Меџити ќе се обрати на завршен настан од твининг-проект на ЕУ

Вицепремиерот Меџити ќе се обрати на завршен настан од твининг-проект на ЕУ

Скопје, 16 јануари 2025 (МИА) - Првиот вицепремиер  и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска ќе се обрати на завршниот настан од твининг-проектот на ЕУ „Поддршка во имплементацијата на отпадот - Законодавство за управување и шема за проширена одговорност на производителот“.

- Министерството за животна средина и просторно планирање на Северна Македонија, во партнерство со Фондацијата за заштита на климата на сината планета од Унгарија, како главен партнер, и Република Австрија како помлад партнер, ја финализираат имплементацијата на овој твининг-проектот на 28 февруари, по 27 месеци од реализацијата, соопшти МЖСПП. 

На настанот, покрај Меџити ќе се обратат и амбасадорите на Унгарија и Австрија, Андраш Клајн и Мартин Памер, како и Стефан Худолин - раководител за соработка во Делегацијата на Европската Унија во Скопје. хс/бак/ 

Фото: МИА архива 

Остани поврзан