Приведен кавадарчанец осомничен за кражба, предметите пронајдени и вратени на сопственикот
- Предметите се пронајдени кај него и вратени на сопственикот, соопштија од СВР - Велес.
Кавадарци, 28 јуни 2025 (МИА) - Кавадарчанец бил приведен поради сомнеж дека одземал предмети зад угостителски објект, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.
- Вчера во 3:50 часот, полициски службеници од ОВР - Кавадарци приведоа 41-годишен кавадарчанец. Тој се сомничи дека одземал предмети, што биле оставени позади угостителски објект во Кавадарци. Предметите се пронајдени кај него и вратени на сопственикот, соопштија од СВР - Велес.
Оттаму посочија дека рано утрово во 00:02 часот во ОВР - Кавадарци, 47-годишен росоманец, пријавил дека во Росоман, неговиот малолетен син бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на настанот. свд/
Фото: МИА архива