Без вода улиците „Јосиф Михајловиќ“ и „Атанас Бабата“ во Чаир
- Без вода денеска ќе бидат корисниците од улиците „Јосиф Михајловиќ“ и „Атанас Бабата“, соопштуваат од ЈП „Водовод и Канализација“ Скопје.
Скопје, 6 март 2026 (МИА) - Без вода денеска ќе бидат корисниците од улиците „Јосиф Михајловиќ“ и „Атанас Бабата“ во Општина Чаир, соопштуваат од ЈП „Водовод и Канализација“ Скопје.
Прекинот на водоснабдувањето е поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улица „Јосиф Михајловиќ“ бб, а водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 часот до завршување со работните активности.ар/са/
Фото: МИА