• четврток, 01 август 2024

Без вода Детската болница Козле, Кабинетот на Претседателот на РСМ, високите зони во Козле и Прижино...

Без вода Детската болница Козле, Кабинетот на Претседателот на РСМ, високите зони во Козле и Прижино...

Скопје, 1 август 2024 (МИА) - Прекинато водоснабдување денеска ќе имаат корисниците од вилите на Водно, Кабинетот на претседателот на РСМ, како и улиците „Ацо Караманов“, „Периша Савељиќ“, „Караорман“, населбата Козле висока зона, населбата Пржино висока зона, како и дел од улиците „Тодор Александров“, „Славејко Арсови“ и Детската болница Козле.

ЈП Водовод и канализација – Скопје информира дека прекинот во водоснабдувањето е поради уличен дефект на водоводна цевка Ф250 мм. на улица „Тодор Александров“ 33 .

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 07:30 часот до завршување со работните активности. 

- Цистерна со питка вода ќе биде обезбедена и истата ќе биде надвижење по населбите, информираа од  ЈП Водовод и канализација – Скопје. цр/нд/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан