• четврток, 22 мај 2025

Без вода дел од Крњево и Моране

Без вода дел од Крњево и Моране

Скопје, 29 април 2025 (МИА) - Без вода денеска од 9 часот ќе бидат дел од жителите на населбите Крњево и Моране. 

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, корисниците од Крњево ќе бидат без вода поради изведување водоводен приклучок ф-150 милиметри на булевар „Гоце Делчев“ без број. 

Поради дислокација на пумпен дел во ПС Моране, денеска од 9 часот ќе бидат исклучени пумпите, а прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од викенд населбата Моране. До утре е планирано со завршување на дислокацијата. мд/са/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан