• среда, 26 јуни 2024

Без вода амбулантата на МВР, полициската станица Пролет и неколку улици

Без вода амбулантата на МВР, полициската станица Пролет и неколку улици

Скопје, 26 јуни 2024 (МИА) - ЈП „Водовод и канализација“-Скопје известува дека денеска, од 08:00 часот, без вода ќе бидат корисниците спроти Олимпискиот базен во Центар, од 09:00 часот водоснабдувањето ќе биде прекинато кај салонот на „Мерцедес“ во Општина Гази Баба, а од 15:30 неколку улици во Чаир.

Од јавното претпријатие информираат дека денеска, поради уличен дефект ф500 мм на булеварот „Кочо Рацин“ (спроти Олимписки Базен), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од булеварот „Кочо Рацин“ (потегот од ул.11 Октомври до Кеј 13 Ноември), улиците „Тетовска“, „Стив Наумов“ и дел од „Раде Јовчевски Корчагин“, амбуланта на МВР, Полициска станица Пролет и ресторан „Ла Тана“.  Корисниците ќе бидат без вода од 08:00 часот до завршување на работите.

Поради изведување на водоводен приклучок ф 80 мм на улица „852“ бб (кај Мерцедес), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од зградите на ул.852 од 09:00 часот до завршување на активностите.

Поради уличен дефект на водоводна мрежа Ф 150 мм. на ул. „Втора Македонска Бригада“ бб, кај ТЦ Тијамо, без вода ќе бидат корисниците на улиците од „Втора Македонска Бригада“, „Архепископ Доситеј“, „Ресенска“, „Вуковарска“ и „Струмичка“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 15:30часот до завршување на дефектот. ир/са/

 

Фото: МИА архива

Остани поврзан