• петок, 22 ноември 2024

Балетот „Заспаната убавица“ вечерва во Националната опера и балет

Балетот „Заспаната убавица“ вечерва во Националната опера и балет

Скопје, 17 ноември 2023 (МИА) - Балетската претстава „Заспаната убавица“ од Петар Илич Чајковски вечерва и на 21 ноември ќе биде изведена на сцената на Националната опера и балет. 

Диригент на претставите е Бисера Чадловска, а кореограф е Виктор Јаременко од Украина. Асистент-кореограф е Тетјана Белецка од Украина, сценограф и костимограф Миодраг Табачки од Србија, светло дизајн Милчо Александров, концерт-мајстор Јане Бакевски, соло виолина: Климент Тодороски.

Во главните улоги ќе настапат: Мими Поп Алексова Атанасовска, Франциско Хименез Руиз (Шпанија), Аманда Роча (Бразил), Ангела Велевска.

Во главните улоги на 21 ноември ќе настапат: Марија Кичевска Шокаровска, Франциско Хименез Руиз (Шпанија), Наташа Трендафилова Гицев, Ангела Богатинова.

Настапуваат солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет. мд/лв/

Фото: Национална опера и балет

 

Остани поврзан