Презентација на резултати од проектот „Направи разлика“
- Фондацијата за развој на локалната заедница од Штип, во рамките на проектот „Направи разлика“ денеска организира „Форум за млади“, на кој ќе се презентираат постигнатите резултати од втората година од реализација на проектот.
Скопје, 10 септември 2024 (МИА) - Фондацијата за развој на локалната заедница од Штип, во рамки на проектот „Направи разлика“ денеска организира „Форум за млади“, на кој ќе се презентираат постигнатите резултати од втората година од реализација на проектот.
Како што информираат од Фондацијата, форумот има за цел да опфати поголем број млади кои сакаат активно да се вклучат во креирањето на подобра иднина.
Фокусот е насочен кон создавање услови за ефективно учество во донесување и имплементирање на предлози и одлуки, решавање на тековни предизвици и проблеми, предлагање иницијативи и заедничка стратешка работа за успешно решавање и реализација.
Активностa е во рамки на Проектот на УСАИД „Направи разлика“ која го спроведува Фондацијата за развој на локалната заедница - Штип во партнерство со Ротари клуб Штип, финансиски поддржан од УСАИД, со цел да го подобри развојот на средината предводен од заедницата. ар/нд/
Фото: МИА архива