Во Владата дебата за мерките и политиките за здравството, социјалната политика, демографијата и младите
- На Платформа 5: 100% посветени за тебе на тема „Мерки и политики за унапредување на здравството, социјалната политика, демографијата и младите“ ќе се обратат министрите за здравство, Арбен Таравари, и за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани, како и директорите на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски и на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување Никола Мемов.
Скопје, 4 ноември 2024 (МИА) - Во Владата денеска ќе се одржи дебата за мерките и политиките во здравството, социјалната политика, демографијата и младите, со учество на ресорните министри и директори на надлежните институции.
На Платформа 5: 100% посветени за тебе на тема „Мерки и политики за унапредување на здравството, социјалната политика, демографијата и младите“ ќе се обратат министрите за здравство, Арбен Таравари, и за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани, како и директорите на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски и на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување Никола Мемов. лв/са/
фото: Влада