• четврток, 04 декември 2025

Задутре времен застој на ГП „Делчево“ поради градежни работи

Задутре времен застој на ГП „Делчево“ поради градежни работи

Скопје, 4 август 2025 (МИА) - Регионалниот центар за гранични работи „Исток“ информира дека в среда граничниот премин и граничен надзор „Делчево“, односно од бугарска страна ГКПП „Станке Лисичково“ целосно ќе бидат затворени за секаков сообраќај од 8:00 до 14:00 часот.

Како што информира МВР, според официјалното известување добиено од бугарските гранични полициски служби, причина се градежните работи на патната делница кај  ГКПП „Станке Лисичково“.

По завршувањето на работите сообраќајот и функционирањето на граничните премини ќе продолжи непречено да се одвива. мд/сст/

Фото: МВР 

Остани поврзан