• недела, 19 мај 2024

Наш армиски тим помогна во извлекување на петгодишно дете од урнатините во Кахраманмараш, Турција

Наш армиски тим помогна во извлекување на петгодишно дете од урнатините во Кахраманмараш, Турција

Скопје, 9 февруари 2023 (МИА) - Армискиот тим, кој е ангажиран во активностите за пребарување на теренот, пронаоѓање и извлекување на евентуално преживеаните во градот Кахраманмараш во попладневните часови асистираше во успешно спроведена акција на спасување на петгодишно дете од рушевините.

-По сознанијата дека се слушнати гласови под рушевини, нашиот армиски тим заедно со турскиот тим за пребарување по шестчасовно расчистување на рушевините слушнале детски глас и по четири часовното максимално ангажирање успеале да го извлечат петгодишниот Сулејман од рушевините, информираат од Канцеларијата за односи со јавност на Генералштабот на Армијата. дма/сст/ 

Остани поврзан