• вторник, 19 ноември 2024

Началникот на ГШ Армијата, Сашко Лафчиски на Конференција во Здружената команда на НАТО во Неапол

Началникот на ГШ Армијата, Сашко Лафчиски на Конференција во Здружената команда на НАТО во Неапол

Скопје, 19 ноември 2024 (МИА) - Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски денеска и утре учествува на Конференцијата на командантите на Јужното крило на НАТО, што се одржува во Здружената команда на НАТО силите во Неапол, Италија.

На Конференцијата ќе бидат дискутирани повеќе теми од стратешко значење за Алијансата, безбедносните предизвици, како и можностите за унапредување на соработката и безбедноста, соопшти Генералштабот на Армијата.са/

Фото: ГШ 

Остани поврзан