• петок, 05 декември 2025

Науседа: Путин заслужува многу построги санкции

Науседа: Путин заслужува многу построги санкции

Вилнус, 27 мај 2025 (МИА) – Претседателот на Литванија, Гитанас Науседа, денеска изјави дека претседателот на Русија, Владимир Путин, „го врти апсолутно целиот свет против себе“ и оти заслужува многу построги санкции од оние што во моментов се применуваат против него.

- Навистина се надевам дека моите колеги во Европската Унија ќе сфатат дека 17-от пакет санкции е само врвот на ледениот брег, потребно е да подготвиме 18-ти пакет санкции, кој навистина ќе стане Молотов коктел, м рече Науседа во емисијата „Форум“ на телевизијата ЛРТ.

Тој зборуваше во контекст на руското интензивирање на нападите со дронови врз Украина, вклучувајќи го и главмиот град Киев.

Како одговор на овие напади и застојот на мировните преговори, американскиот претседател Доналд Трамп рече дека Путин „целосно полудел“.

Според Науседа, тоа е точна процена, иако на англиски звучи поумерено отколку на литвански.

- Но тоа се силни изјави, тоа се сосема адекватни изјави, бидејќи тоа ни беше јасно многу порано, рече претседателот на Литванија.

ЕУ пред една недела го усвои 17-от пакет санкции против Русија, но некои земји членки на ЕУ веќе повикуваат на подготовка на 18-ти пакет. јт/

Фото: Науседа на Фејсбук

Остани поврзан